Совети за обложување: Многу голови се очекуваат вечерва во дуелот помеѓу Интер и Зенит


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Време е за тикет од Kladenje.mk.

Интер – Зенит: 3+ (двете екипи вкупно постигнуваат три или повеќе гола)

Интер денеска од 20.15 ќе се соочи со Зенит Петерсбург во пријателски натпревари, а на истиот се очекуваат многу голови. „Нераѕурите“ досега одиграа два дуели против швајцарски екипи. На првиот против Лугано, Интер победи со 3-0, а на вториот против Сион беше поразен со 0-2. Од друга страна, Зенит Петерсбург одигра четири пријателски натпревари и на сите четири победи, а на два од нив беа постигнати дури пет гола, па поради тоа се очекуваат и на вечерашниот дуел повеќе погодоци.

Аталанта – Херта: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Аталанта одигра два пријателски натпревари досега, а и на двата успеа да победи со 4-0, односно 6-1. Од друга страна, Херта играше три натпревари и на сите три победи со неверојатна гол разлика од 14-3. Поради тоа, вечерва на дуелот помеѓу Аталанта и Херта од 20.30 се очекува двете екипи да постигнат гол.

Евертон – Лил: 1 (победа за екипата на Евертон)

Евертон и Лил вечерва од 21 часот играат пријателска средба, а англиската екипа е фаворит во дуелот. Овие две екипи се имаат сретнато во 2014. година во Лигата на Европа, а тогаш едниот меч заврши реми, додека во другиот славеа „карамелите“ со 3-0. На подготовките Евертон досега одигра едно реми и има една победа, додека Лил има две победи и еден пораз.

Лион – Фулам: 1 (победа на тимот на Лион)

Лион е фаворит во средбата против новиот англиски премиерлигаш Фулам, која се игра вечерва од 21 часот. Лион досега одигра еден натпревар на подготовките и тоа реми против Сион. Додека Фулам имаше по една победа, реми и пораз во трите досега одиграни дуели. Сепак, француската екипа има поголем квалитет од Англичаните, а тоа ќе се обидат да го покажат вечерва на теренот.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk