Совети за обложување: Наполи во Милано ќе докажува дека е подготвен за шампионската титула!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Kladenje.mk ви ги нуди следниве бесплатни типови.

Бурнмут – Тотенхем: Победа на гостинот

Лондонскиот гигант Тотенхем гостува кај аутсајдерот Бурнмут во рамки на 30. коло во Премиерлигата. Поради тоа што остануваат уште само девет кола до крајот на англиската лига, Тотенхем мора да осигура победи против некои полесни противници, како што во овој случај би требало да биде Бурнмут, доколку сака да остане на позиција, која наредната сезона носи во Лигата на шампиони. Од друга страна, Бурнмут ќе се обиде да му се спротистави на неверојатниот состав на Тотенхем и ќе бара бод за да успее делумно да го обезбеди опстанокот во лигата. Меѓутоа, меѓусебните средби на двете екипи, а и моменталната форма велат дека Тотенхем е дефинитивно фаворит и ќе стигне до трите бодови.

Џенова – Милан: Победа на гостинот

Ова ќе биде тешко гостување на екипата на „росонерите“ кај Џенова и нашиот репрезентативец Горан Пандев, кои до минатото коло имаа успешна серија од три победи по ред, но во минатиот натпревар Болоња ги шокираше на домашен терен со победа од 2-0. Како и да е, Милан во моментов се наоѓа во одлична форма, откако на последните пет натпревари, има дури четири победи и еден нерешен резултат, па се движи кон место, кое обезбедува пласман во европските натпреварувања наредната година. Милан на последните три гостувања секогаш останувал со празни раце во Џенова, но овој пат веруваме дека ќе успеат да направат изненадување.

Интер – Наполи: Победа на гостинот

Наполи оваа година покажа шампионски карактер, па води „мртва“ трка против својот најголем конкурент Јувентус за првата позиција во Серија А, а за тоа ќе им треба победа против лутиот ривал Интер, кој се соочи со мала криза во минатите натпревари, па сега се наоѓа на петата позиција во италијанската лига. Доколку ги погледнеме претходните меѓусебни натпревари, Наполи секогаш доаѓал амбициозно на „Џузепе Меаца“ и се обидувал да дојде до целиот плен, а тоа им успеа дури минатата година, по пауза од шест години. Како и да е, оваа година ова е некој нов тим на Наполи, кој има неверојатни 12 победи и само еден нерешен резултат на гостински терен, па од таму произлегува предлогот дека Наполи на крајот ќе излезе од двобојот со трите бода.

Борусија Дортмунд – Франкфурт: Победа на домаќинот

Навистина пеколна средба не очекува во Бундеслигата помеѓу овие две екипи, кои се наоѓаат на третото, односно четвртото место на табелата.  Во германската лига дури пет екипи се борат за три места, кои носат во Лигата на шампиони, па дефинитивно кој и да победи во оваа средба, ќе направи голем исчекор кон постигнување на таа цел. Сепак,  ако се погледнат последните три средби помеѓу овие два клубови, може да се заклучи дека Дортмунд е за нијанса подобар, па поради тоа е овој предлог и фаворитската улога, која ја добива во оваа средба.

Проверете ги останатите типови на Kladenje.mk