Совети за обложување: Несторовски и Трајковски во тешка мисија против Венеција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погледнете ги денешните предлози за обложување од Kladenje.mk.

Палермо – Венеција: 1 (победа на домаќинот)

Екипата на нашите интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски има тешка мисија против Венеција на домашен терен, но желбата за враќање во Серија А е многу голема, па поради тоа, ништо освен победа во денешниот меч не е прифатливо за домаќините. во претходните пет меѓусебни средби, три средби завршиле нерешено, а Палермо има победа во далечната 2004. година. Сепак, Палермо вечерва ќе биде фаворит во средбата.

Фросиноне – Ситадела: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Тешка ќе биде битката за пласман во плејоф-финалето во Серија Б, откако првиот меч меѓу екипите заврши 1-1. Но, овојпат се очекува уште повозбудлив дуел од првиот, а кога ќе ги погледнеме меѓусебните дуели на екипите, на последните пет меча, и двете екипи постигнувале гол, а Фросиноне е поуспешен и има дури три победи.

Австрија – Бразил: 2 (победа на гостите)

Последна подготовка пред Светското првенство во Русија, а двете екипи се наоѓаат во фантастична форма. Австрија има победи на последните пет пријателски средби, а Бразил има четири победи и едно реми. Сепак, во меѓусебните средби, Бразил е поуспешен и има три победи, па поради тоа е фаворит во средбата.

Индија – Кенија: 1 (победа на домаќинот)

И двете екипи не се во најдобра форма, па тешко беше да се одлучи кој ќе биде победник во денешниот натпревар. Сепак, како благ фаворит може да се смета Индија, која пред шест дена ја победи Кенија во претходниот пријателски натпревар со 3-0, па тие се надеваат дека истото ќе го повторат и сега.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk