Совети за обложување: Прашањето за шампион ќе се решава на „Камп ноу“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Kladenje.mk ви ги нуди следниве бесплатни типови.

Брајтон – Арсенал: Победа на гостинот

Гигантот од Премиерлигата му гостува на Брајтон, кој само четири бодови го делат од зоната за испаѓање. Ако може да кажеме според табелата, како и меѓусебните дуели на овие две екипи, тогаш дефинитивно победник на крајот треба да биде Арсенал, кој успеа да го порази Брајтон во последните три меѓусебни дуели. Но Арсенал се соочува со проблеми со повреди зашто на овој натпревар нема да играат Казорла и Лаказет, а исто така во последните 5 натпревари имаат дури три порази. Сепак се очекува победа на Арсенал за конечно излегување од лошата форма и подобрување на формата во составот на „топчиите“.

Манчестер сити – Челси: Гол-гол (двете екипи даваат гол)

Лидерот во англиската Премиерлига и најверојатно нов шампион на Англија, Манчестер сити го пречекува својот голем ривал Челси, кој жестоко се бори за место помеѓу првите четири екипи во лигата. „Сините“ се помирени со фактот дека ја изгубија титулата оваа сезона, но нема да се откажат туку така и да му дозволат на Сити да ги освои трите бодови, па се очекува голема борба на „Итихад“ во Манчестер, а ако ги погледнеме нивните последни средби може да видиме дека на последните пет меѓусебни дуели, дури на три двете екипи постигнале гол.

Фрајбург – Баерн Минхен: Победа на гостинот

Лидерот во германската Бундеслига е на добар пат да стигне до нова титула, откако неговите ривали потфрлија во борбата за трофејот, па тие се недопирливи на врвот. Секако, тоа не значи дека ќе се опуштат против аутсајдерот Фрајбург, кој го очекува голема борба за опстанок во Бундеслигата, а засега имаат „безбедни“ четири бодови повеќе од место кое носи во понизок ранг на натпреварување.  Доколку ги погледнеме нивните последни три средби, на сите до победа стигнал Баерн.

Барселона – Атлетико Мадрид: Гол-гол (двете екипи даваат гол)

Сигурно еден од највозбудливите, ако не и највозбудлив меч овој викенд, кој би можел да го реши прашањето за шампион на Шпанија. Во Примера Барселона на „Камп ноу“ го пречекува тимот на Атлетико Мадрид, кој има пет бодови помалку од нив, па со евентуална победа би се доближил на само два бодови негатива. Атлетико Мадрид во овој дуел влегува во подобра форма, откако има победа на последните пет натпревари додека Барселона ремизираше дури три пати. Ако ги погледнеме нивните претходни дуели, исто така може да видиме дека на последните пет средби Барселона успеала да го победи Атлетико Мадрид два пати, а на сите мечови голови постигнале и двете екипи.

Проверете ги останатите типови на Kladenje.mk