Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Kladenje.mk и денес со вас.
Манчестер јунајтед – Арсенал: ГГ (Двете екипи постигнуваат гол)
Манчестер јунајтед се наоѓа во многу добра форма, иако веќе шампионот во Премиерлигата е познат, но сепак останува борбата за останатите позиции. Јунајтед ќе се обиде со победа против Арсенал да си го обезбеди второто место во првенството додека Арсенал се обидува да му избега на Барнли, кој се наоѓа на седмата позиција. Кога ќе ги погледнеме последните пет меѓусебни средби на двете екипи, може да забележиме дека дури три пати двете екипи постигнале гол, а инаку и Манчестер јунајтед и Арсенал имаат по две победи.
Болоња – Милан: 2 (Победа на гостинот)
Милан се наоѓа во резултатска криза, па веќе на неколку средби не знае за победа. Во минатото коло беа шокирани од последнопласираниот Беневенто, кој ги победи сред „Сан Сиро“ со 0-1. Во недела Болоња го пречекува поранешниот италијански шампион, па ќе се обиде да му ги расипе сметките за борбата за шестата позиција. Милан мора да победи против Болоња доколку сака да се искачи на шестата позиција, во спротивно ќе се соочи со опсаност да падне дури на деветото место. Во последните пет меѓусебни средби, Милан има четири победи и само еден пораз, па поради тоа е апсолутен фаворит во оваа средба.
Фиорентина – Наполи: 2 (Победа на гостинот)
Уште еден во серијата важни натпревари за Наполи, кој се бори жестоко со Јувентус за Скудетото во Италија. Одлична средба одиграа во Торино против „старата дама“ и ја победија со 0-1, па ја закомплицираа битката за титулата. Сега, Наполи ќе брка три бода во Фиренца за да се искачи на врвот, доколку претходно Јуве не го победи Интер. Во последните пет меѓусебни средби на екипите, Наполи има две победи, а остантите три средби завршиле реми. Сепак, Фиорентина не знае за победа на последните три натпревари, па поради тоа Наполи е фаворит во овој меч.
Силекс – Вардар: Х (Средбата завршува нерешно)
Вардар се откажа од битката за титулата сезонава, па во моментов не знае за победа на шест средби по ред, притоа имаше три порази и три реми средби. Од друга страна, Силекс се наоѓа во малку подобра ситуација, со една победа и по две реми и два порази во последните пет натпревари. Кога би ги погледнале последните пет меѓусебни средби, Силекс има една победа, Вардар две, а уште две средби заврши реми. Како и да е, дефинитивно ќе се води тешка битка помеѓу двете екипи, но бидејќи Вардар очигледно нема желба да го доигра првенството до крај, средбата би завршила реми.
Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk