СП 2026: Познати 28 патници за Америка


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Досега има најмногу познати патници од Африка, девет. Познати се и осум азиски репрезентации, шест од Јужна Америка, како и по една од Океанија и Европа. Се разбира, 99,9 проценти е и Хрватска, како прва европска репрезентација, но тоа официјално „не се брои“ затоа што математички уште не е 100 проценти така.

Списокот на учесниците на Светското фудбалско првенство 2026 полека се пополнува, досега се познати 28 од 48 учесници.

Покрај домаќините САД, Канада и Мексико, досега преку квалификациите се изборија 25 национални тимови.

Досега има најмногу познати патници од Африка, девет. Познати се и осум азиски репрезентации, шест од Јужна Америка, како и по една од Океанија и Европа.

Се разбира, 99,9 проценти е и Хрватска, како прва европска репрезентација, но тоа официјално „не се брои“ затоа што математички уште не е 100 проценти така.

За Јордан, Узбекистан и Зелениотртски Острови ова ќе биде прв настап на Светскиот куп.

АЗИЈА: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија

АФРИКА: Алжир, Тунис, Мароко, Египет, Гана, Зелениотртски Острови, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал

КОНКАКАФ: Канада, Мексико, САД

КОНМЕБОЛ: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

ОФК: Нов Зеланд

ЕВРОПА: Англија