Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора не е сигурен дека Серија А ќе може да продолжи на 3. мај според планираното.
Пред само неколку дена, истиот министер рече дека верува оти италијанскиот фудбалски шампионат ќе може да продолжи и на тој датум, но со оглед на ситуацијата во оваа земја во последните денови, тој се предомисли.
Во Италија ситуацијата се стабилизира, но во никој случај не се спушта. Сè уште умираат околу 700 луѓе секој ден, а јасно е дека сè уште не е време да се зборува за враќање на фудбалот.
Спадафора рече дека изгледите за продолжување на шампионатот на почетокот на мај се премногу оптимистички, но тој не ја спомена можноста дека нема да се игра Серија А.
„Прогнозите што нè натераа да размислиме дека можеме да ги продолжиме спортските натпревари на крајот на април или мај беа премногу оптимистички со оглед на еволуцијата на здравствената состојба“, рече тој за Раи 3, додавајќи:
„Можам со сигурност да кажам дека продолжувањето на спортските настани сигурно ќе започне повторно зад затворените врати“, додава тој.
“Не е можно да се размислува поинаку, но имам и некои сомнежи за датумот на 3. мај. За жал, оваа медицинска состојба е постојано поврзана со нејзината еволуција. Ние мора да ги прилагодуваме нашите одлуки многу често на епидемијата”.
Министерот Спадафора додаде дека постои опција да се премести завршувањето на Серија А до јули или август, но ситуацијата е многу комплицирана.
Во суштина, тој не ни кажа ништо специфично и тешко е да откриеме нешто специфично за датумот на продолжението во Серија А сè додека ситуацијата во Апенините е хаотична.