Спалети е слободен како птица – нема повеќе да го тренира Наполи!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кажа дека тренерот Лучано Спалети ќе си замине од клубот на крајот на сезоната.

Спалети по 33 години ја врати титулата во Неапол, но потоа имаше недоразбирање со претседателот на клубот, кој не сакал да му понуди нов договор.

„Спалети е слободен како птица. Кога ќе дојде кај вас и ќе ви каже дека завршил еден циклус во животот, што да кажете на тоа? Дали треба да приговарате? Ми рече дека сака да одмори една година и јас се согласив. Спалети го испорача тоа што го побарав од него и благодарен сум“, кажа Де Лаурентис.