Спалети има само добри зборови за Елмас: Тој е интелигентен, го очекува богата иднина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва од 20.45 часот ќе игра со Наполи против Милан во големото дерби, па се надева дека ќе може да го повтори успехот од декември кога го замолкна „Сан Сиро“.

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети кажа дека има доверба во Елмас, кој секогаш на теренот ги оправдува неговите очекувања.

„Елмас е офанзивен фудбалер за врска, може да игра и во нападот. Тоа е фудбалер кој има решителност пред казнениот простор. Елиф е интелигентно момче, кое го очекува голема иднина“, вели Спалети.

Македонецот е еден од главните адути на екипата од Неапол покрај Осимен, Инсиње, Зиелински и Руиз, па сите во Наполи се надеваат дека конечно може да ја освојат титулата во Серија А.