Спалети на 1 септември ќе каже со кои ѕвезди ќе ја нападне Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучано Спалети беше избран за наследник на Роберто Манчини во италијанската репрезентацијаи на 1 септември ќе го објави списокот со фудбалери со кои ќе ја нападне Македонија.

Спалети потпиша тригодишен договор со Италија и ќе заработува три милиони евра годишно, без разлика на тоа што Наполи му направи проблеми и најави тужба.

Новиот селектор на „аѕурите“ треба да направи реконструкција на тимот и на 1 септември да го соопшти списокот со репрезентативци со кои доаѓа во Скопје на 9 септември.

За 1 септември е закажано објавувањето на составот, додека еден ден подоцна Спалети ќе биде промовиран како нов селектор на тимот.