Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лучано Спалети испиша историја со екипата на Наполи, откако го освои Скудетото по пауза од 33 години, но поради лошите односи со газдата Аурелио Де Лаурентис, стратегот решил да си замине од клубот во следниот период.
Спалети има договор на уште една сезона за клубот од Неапол, а очекувал понуда за нова соработка по освоениот пехар, но Де Лаурентис не го повикал на состанок и тоа го налути.
„Работата е решена, не може да се премислува човек секој ден. Ако си убеден дека на тој начин размислуваш, тогаш се придружуваш до заклучокот што си го донел. Тоа не е нешто што паѓа од небо“, кажа Спалети.
Џанлука Ди Марцио објави дека Наполи веќе бара нов тренер, а во потесниот круг се Винченцо Италијано од Фиорентина и Тиаго Мота од Болоња.