Спалети победи во трката за потписот на дефанзивецот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Рома на чело со Лучијано Спалети ги победи во трката Манчестер Јунајтед и Лестер за потписот на дефанзивецот на Интер, Џејсон Муриљо.

Газета Дело Спорт соопшти дека клубот од Рим бара замена за Рудигер кој се повреди и ќе биде отсутен долг период.

Тие беа воодушевени од настапот на Џејсон Муриљо во дебитантската сезона во Интер за кој оваа сезона запиша 34 натпревари.

Муриљо на Џузепе Меаца стигна минатата сезона за 7 милиони евра и најверојатно раководството на Интер нема да го пушти за помалку од 25 милиони евра.