До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Радикален план за спас на италијанскиот фудбал, се со една цел – посилна репрезентација и повеќе млади во Серија А.
Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, понуди интересен и прилично радикален предлог за иднината на Серија А.
Во желба да се создаде повеќе простор за младите играчи, Спалети смета дека треба да се воведе правило кое би ја променило структурата на тимовите.
Идејата е едноставна, но барачка: секој тим би морал постојано да има барем еден играч под 19 години на теренот.
Овој предлог доаѓа во моментот кога италијанскиот фудбал се соочува со критики поради недостаток на млади таленти во најсилното натпреварување.
Серија А често се опишува како лига со доминација на искусни играчи, додека младите тешко добиваат шанса.
Тоа, според мнозина, негативно се одразува и на репрезентацијата на Италија, која ги пропушти последните големи турнири.
Спалети смета дека ваквиот тренд мора итно да се промени.
“Треба да ги следиме талентите кои се раѓаат, а тие секогаш ќе се раѓаат. Овој е мојот предлог: што ако ги обврземе сите тимови во Серија А да имаат еден играч помлад од 19 години на теренот во секое време?
Тоа би значело дека секој тим треба да има најмалку четири такви играчи во ротацијата. Тоа се вкупно 80 млади кои треба да се развиваат за да станат подобри,” изјави Спалети за Sky Sports.
















