Спалети се налути: Не добивме чист пенал (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи одигра 1-1 во реваншот против Милан во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) и испадна од елитното натпреварување.

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети беше лут поради судењето и смета дека неговата екипа била оштетена во дуелот со големиот ривал.

„Игравме одлично до примениот гол. Милан постигна гол по единственото влегување во казнениот простор. Мислам дека имаше пенал над Лозано, тоа беше директен удар во неговиот скочен зглоб и може да се забележи на снимките“, вели Спалети.