Спалети ја менува формацијата и го враќа Влаховиќ на клупа?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Лучиано Спалети денеска официјално ќе биде промовиран како нов тренер на Јувентус, а веќе се шпекулира за неговите први потези.

„Скај Спортс“ тврди дека Спалети со играчите кои ги има на располагање ќе се обиде да игра во формација 4-3-3.

Исто така, овој извор пишува дека Спалети ќе се обиде да ја уигра поставата без Душан Влаховиќ, што не значи дека нема да има значаен статус и минути во тимот. 

Составот на Јувентус, би требало да изгледа вака: 

Ди Грегорио, Калулу, Гати, Кели, Камбијасо, Локатели, Копмејнерс, Тирам, Консеижао, Јилдиз, Дејвид.