Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се наоѓа во тешка финансиска состојба и долговите на каталонскиот гигант надминаа милијарда ипол евра, па поради тоа клубот мора да ги намалува платите на сите во екипата.
Шпанските медиуми пишуваат дека потенцијална рака за спас за Барселона доаѓа од Дубаи. Компанија ѝ понудила на екипата од Каталонија можност за исплата на долговите.
Според договорот кој е понуден, компанијата од Дубаи би го исплатила цел долг на Барселона од милијарда ипол, а тимот од „Камп Ноу“ ќе треба парите да ги враќа во следните години со мали камати на годишно ниво.
Барселона исто така би била ослободена во следните две години да ги враќа долговите кон компанијата, со опција да се продолжи периодот на 12 години.