Специјалист за трансфери откри што ќе се случи меѓу Лукаку и Челси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многу прашина се крена во претходните денови околу белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој беше казнет на дуелот против Ливерпул, откако за медиумите кажа дека не е среќен во Челси.

Лукаку кажа дека сака да се врати во Интер за да игра на високо ниво и да освои трофеи, а тоа го изнервира тренерот Томас Тухел, кој го суспендираше Белгиецот.

Се споменуваше враќање во Интер, како и трансфер во Тотенхем, кој го води неговиот порашенен тренер Антонио Конте, но специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо открива што ќе се случи.

Романо објави дека Лукаку нема да се врати во Интер, туку ќе остане во Лондон каде што имал напорен тренинг по разговорот со Тухел.

Лукаку се надева дека против Тотенхем ќе добие шанса од првата минута по позитивниот разговор со тренерот, кој доби поддршка и од управата на Челси.