Спектакл на Дончиќ: Словенецот постигна трипл-дабл и рекорд на кариерата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс славеа по продолженија против Милвоки бакс со резултат 136-132, а најзаслужен за триумфот беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ го постигна 17. трипл-дабл сезонава, а мечот го заврши со 36 поени, 14 скокови и 19 асистенции, што му е рекорд на кариерата.

Дури 19 пати асистираше кон соиграчите, меѓутоа едно додавање посебно беше интересно. На минута и десет секунди до крајот, Дончиќ на импресивен начин меѓу нозе му асистираше на Макси Клебер.

Од екипата на Милвоки, најдобро се покажа Јанис Адетокумпо кој доминираше и мечот го заврши со 34 поени и 13 скокови.