Спектакл на Карлос Вела: Го сруши рекордот, па три минути подоцна постигна неверојатен гол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лос Анџелес синоќа на свој терен ги победија Колорадо Рапидс со резултат од 3:1 и повторно бевме сведоци на мајсториите на Карлос Вела.

Мексиканецот игра фантастично по доаѓањето во МЛС и со тоа настана неверојатно ривалство помеѓу него и Златан Ибрахимовиќ. Синоќа е одигран последниот натпревар од регуларната сезона, а сега следи плеј-оф за шампион на САД.

Вела и Ибрахимовиќ од почетокот водат неверојатна битка за најдобар стрелец, а Мексиканецот е во предност во однос на искусниот колега од ЛА Галакси.

Имено, неверојатниот Вела синоќа постигна хет-трик и сега има четири погодоци повеќе од Ибрахимовиќ кој синоќа заби еден гол против Хјустон Динамо. Вела на контото има 34 погодоци, а Ибра 30.

Но, Мексиканецот го обележа досегашниот дел од сезоната и го сруши рекордот на МЛС по погодоци во една сезона. Рекордот го чуваше Жосеп Мартинез кој постигна 31 гол во изминатата сезона, но Вела успеа да го надмине тоа и сега тој го држи рекордот.

Ибрахимовиќ се надеваше дека тој ќе биде оној кој ќе го собори овој рекорд, но на крајот не успеа во тоа. Вела синоќа постигна три погодоци, а посебно се одвојува мајсторијата кога го постигна погодокот за 2:0. Погледнете…