Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемото дерби на светот помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Платa се игра вечерва на Ла Бомбонера во склоп на реванш натпреварот од полуфиналето на Копа Либертадорес.
Ривер ќе ја брани титулата за првак на Јужна Америка бидејќи минатата година беа подобри од Бока Јуниорс. На првата средба кој се одигра пред неколку седмици, Ривер беше доста подобар и на крајот заслужено славеше со резултат од 2:0 во неверојатната атмосфера пред своите навивачи.
Меѓутоа, познато е дека за време на овие натпревари ниту една предност не мора да биде гаранција дека ќе отиде понатаму. Сигурно е дека Бока Јуниорс ќе го даде својот максимум за да го сврти резултатот и за да се пласира во финалето што сигурно ќе биде одмазда за претрпениот пораз во минатогодишното финале од лутиот ривал.
Она што можеме со сигурност да го кажеме е тоа дека денес со сигурност на Ла Бомбонера се очекува спектакуларна атмосфера како што тоа е секогаш случај на било кој претходен натпревар. Натпреварот ќе се игра во вторник кон среда навечер во 2:30 часот.