Спектакл на повидок: Мекгрегор и Хабиб пак ќе се соочат во рингот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ирецот Конор Мекгрегор се враќа во рингот следната година против Доналд Кероун, а ако Хабиб го победи Фергусон, тогаш тие двајца пак ќе се соочат и сигурно тоа ќе биде голем спектакл за фановите.

Први во рингот ќе се соочат Доналд и Мекгрегор, кои на 18 јануари во Лас Вегас ќе направат спектакуларна борба, а многумина се надеваат дека Ирецот ќе излезе како победник поради тоа што сакаат да видат реванш против Хабиб.

Нурмагомедов три месеци подоцна ќе се бори против Тони Фергусон, па доколку биде победник во таа битка, тогаш ќе очекуваме и трета спектакуларна пресметка до крајот на годината.

Доколку се случи тоа, тогаш Ирецот ќе добие шанса да му се реваншира на Хабиб за поразот во нивниот претходен меч.