Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Вечерва, италијанските љубители на фудбалот можат да го следат големото дерби меѓу Милан и Јувентус, кое се игра во 31. коло од Серија А.
Двата клуба се во одлична форма уште од продолжението на сезоната и извесно е дека нè чека спектакл на „Сан Сиро“, иако натпреварот ќе се одигра пред празни трибини. На Милан му е потребна победа во борбата за Европа, додека Јувентус може да влезе во мечот поопуштено бидејќи има предност од седум поени во однос на второпласираниот Лацио.
Росонерите се препородија во остатокот од сезоната, а пласманот во Европа не е повеќе недостижен како што беше по првиот дел од сезоната. Она што ги прави особено среќни навивачите на Милан е дека Стефано Пиоли ќе го има најсилниот тим на располагање.
Маурицио Сари, од друга страна, се наоѓа на слатки маки затоа што скоро сите играчи се подготвени за дербито.
Натпреварот на овие екипи ќе се одигра на „Сан Сиро“ од 21:45 часот, а италијанските медиуми веќе ги објавија веројатните состави. Росонерите ќе ги предводи Златан Ибрахимовиќ, додека главна ѕвезда на Старата дама повторно ќе биде Кристијано Роналдо.
Милан: Донарума, Конти, Кјаер, Ромањоли, Тео Ернандез, Кеси, Бенасер, Саелемекерс, Бонавентура, Калханоглу, Ибрахимовиќ.
Јувентус: Шчесни, Квадрадо, Ругани, Бонучи, Данило, Бентанкур, Пјаниќ, Матуиди, Бернардески, Игуаин, Кристијано Роналдо.