Спектакуларен трансфер на повидок: Европски гигант подготвил 150 милиони евра за Ван Дајк


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нов спектакуларен трансфер би можел да биде реализиран во следниот преоден рок. Наводно, Јувентус подготвил 150 милиони евра за ангажирање на Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.

Управата на клубот од Италија верува дека Ван Дајк ќе биде подготвен за трансфер доколку неговата екипа ја освои Премиерлигата.

Во таков случај тие подготвиле богата понуда затоа што сметаат дека тие би му дале нов предизвик во кариерата.

Ван Дајк призна минатата недела дека сака да ги исполни своите соништа кога станува збор за фудбалската кариера, па останува да видиме дали еден од нив е да заигра за Јувентус и дали таква понуда ќе стигне до него од страна на Јуве.