Специјалистот за слободни на пат кон Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу доби понуда од Премиер лигата.

За услугите на одличниот играч за врска од Леверкузен заинтересиран е Тотенхем, кој веќе стапи во контакт со менаџерот на овој фудбалер.

Тренерот на Спарси Маурисио Покетино сака да го види во своите редови, па до крајот на преодниот рок 22-годишниот фудбалер може да заврши во Лондон.

Покрај Тотенхем, интерес за овој фудбалер покажува и мадридски Атлетико. Чалханоглу е познат по одличните слободни, а во кариерата покрај Баер играше за ХСВ и Карслуе.