Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола го заврши премногу рано Европското првенство откако заработи тешка повреда поради која ќе мора да паузира шест месеци.
Еден од најдобрите италијански фудбалери се повреди во дуелот против Белгија, односно ја скина Ахиловата тетива, а денеска замина на операција во Финска.
Операцијата во Финска заврши успешно, па сега Италијанецот ќе мора да паузира надвор од терените половина година, а по медицинскиот зафат испрати порака преку Инстаграм.
„Операцијата беше успешна. Ви благодарам на сите што бевте со мене. Одбројувањето почнува сега, се гледаме наскоро“, напиша Спинацола на Инстаграм.