Според Рагник, Вернер треба да потпише за тимот на Ливерпул


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ралф Рагник кој работи како извршен директор во редовите на РБ Лајпциг смета дека Тимо Вернер треба да направи трансфер во Ливерпул.

24 годишниот фудбалер претходно изјави дека сака да потпише за тим од Премиер лигата, притоа тврдејќи дека Јирген Клоп и Ливерпул се најдобрите во Англија.

„Лигата не е толку важна, туку клубот. Би сакал да го видам во добри раце со клуб кој не игра на посед на топката. Откако Тимо напредуваше под Нагелсман, негови најважни оружја се брзото движење и моќниот финиш. Така, тој би бил одличен за клуб како Ливерпул кој негува сличен начин на фудбал како нашиот. Би сакал да го видам таму“ –изјави Рагник.