Според шпекулациите на новинарите уште сега се знае кој ќе ја освои Златната топка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера во Милано беше одржана церемонијата на ФИФА, The Best, а за најдобар играч на 2019. година прогласен е Лионел Меси.

Меси доби најмногу гласови од страните на селекторите и капитените на репрезентациите ширум целиот свет, исто така и од новинарите кои имаа право на глас. Аргентинецот позади себе повторно ги остави Вирџил Ван Дијк и Кристијано Роналдо.

Меѓутоа  и покрај тоа што Меси минатата сезона „сјаеше“ и постигна 54 погодоци на вкупно 58 натпревари, многумина веруваа дека оваа награда ќе му припадне на Ван Дијк кој со Ливерпул стигна до трофејот на Лигата на Шампионите.

Но, на крајот сите гласови се завртеа кон Лионел Меси кој ја доби почитта од капитените и селекторите. Што се однесува до новинарите Меси не успеа да го надмине Ван Дијк.

Според гласовите на новинарите, Меси доби 364 бодови, додека Ван Дијк имал 462.

Треба да се додаде и тоа дека за избор на Златна Топка која ја доделува France Football се сметаат само гласовите на новинарите. Според тоа нема да биде изненадување доколку Златната Топка ја добие Ван Дијк.

Церемонијата ќе биде одржана на 2. декември и сигурно е дека не очекуваат големи возбудувања.