Спортскиот директор на Интер пристигна во Англија, утре почнуваат преговорите за Лукаку


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио пристигна во Англија каде треба да се сретне со претставниците на Манчестер Јунајтед на средба на која официјално ќе започнат преговорите за Ромелу Лукаку.

„Скај Спортс“ претходно објави дека разговорите ќе бидат во среда, но тие се закажани за утре, четврток.

Притисокот е на страната на италијанскиот клуб кој итно мора да собере финансиски средстваза да го донесе Лукаку во своите редови.

Од Манчестер Јунајтед не сакаат Интер да вклучува играчи, туку бараат најмалку 75 милиони фунти за услугите на белгискиот напаѓач.