Спортскиот директор на Јуве пристигна во Лондон, ќе преговара трансфер на Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи се наоѓа во Лондон каде сака да финализира две големи зделки за својот тим.

Првата е речиси сигурна, а тоа е преминот на Маурисио Сари од Челси во Јувентус и за тоа нема дилеми.

Паратичи како втора цел го посочил Пол Погба за кого во Лондон допатувал со подготвена понуда во која е вклучен десниот бек, ЖОао Кансело. Манчестер Сити се интересираше за Кансело, но го отфрлија интересот откако им беше кажано дека ќе мора да платат 50 милиони евра за неговите услуги.

Се верува дека откако ќе ги заврши преговорите во Лондон, Паратичи ќе се упати во Лион каде ќе преговара со челниците на овој клуб за ангажман на 22 годишниот Тангуј Ндомбеле.