Срамен „план“ на УЕФА: Вирусот го „крои“ исходот на ЛШ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пандемијата на ковид-19 го промени целиот свет, па така и фудбалот. Најновите случаи се појавија во Атлетико Мадрид, каде што има двајца заразени со вирусот.

Атлетико мора да го игра својот меч без двајца непознати фудбалери, а се прават и други тестирања кај останатите, по што ќе биде познато дали уште некој е заразен.

Ова значи дека исходот на Лигата на шампиони (ЛШ) би можел во голема мера да го „скрои“ и самиот вирус затоа што тимовите своите натпревари ќе мора да ги играат без заразените фудбалери.

Што ќе се случува и како ќе мине фајнлејт-турнирот во европските натпреварувања останува да видиме во следниот период.