Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Челси има голем проблем со хулиганите, па во последните неколку години се случија неколку инциденти, меѓу кои беа и навредите кон Рахим Стерлинг неодамна, а исто така сега му се „истурија“ на Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул.
Лондонскиот гигант експресно реагираше и најде тројца од шест хулигани, кои во срамно видео го навредуваа Салах.
Пред мечот со Славија во Лига Европа се појави видео во кое Салах го нарекуваат „бомбаш“ и „терорист“, а тоа беше доовлно Челси да им забрани пристап до стадион на хулиганите, а реакција пристигна и од Ливерпул.
„На нашите натпревари не сте добродојдени. Се појави видео во кое се слушаат дискриминации кон нашиот клуб. Видеото е опасно. Оваа сезона постојано го преживуваме истото. Таквото однесување мора да се искорени“, реагираа од Ливерпул.
Chelsea fans singing “Salah is a bomber” disgraceful pic.twitter.com/SlAFVwQqop
— Football Fights (@footbalIfights) April 11, 2019