Србинот го натерале да игра: Анчелоти призна – Јовиќ беше жртвено јагне!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби во градското дерби од Атлетико Мадрид со 0-1 во 35. коло од Ла Лига, иако резултатот немаше посебно значење за „кралевите“, кои претходно ја освоија титулата.

На мечот настапи и српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој одигра 60 мнути, а тренерот Карло Анчелоти призна дека Србинот воопшто не требало да настапи.

„Маријано Дијаз беше замислен како стартер, но не се чувствуваше добро и се жалеше на проблеми со тетивата на коленото. Јовиќ, од друга страна, имаше гастроентеритис вчера и јас го испратив на теренот. Не сакав да го пуштам во игра Карим Бензема, зашто беше изморене од Лигата на шампиони. Приоритет ми беше да избегнам проблеми и затоа го испратив тој што имаше најмалку во моментот“, вели Анчелоти.