Србинот испиша историја: Америка воодушевена од рекордот на Јокиќ! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да поставува нови граници. Одличниот центар на Денвер нагетс беше импресивен со дабл-дабл од 18 поени и 15 асистенции во победата против Милвоки бакс од 136-100.

Ова е вторпат во историјата центарот во НБА-лигата за помалку од 30 минути да постигне повеќе од 15 асистенции, а единствен кој претходно такво нешто успеа да направи беше истиот кошаркар, кој помина 28 минути на паркетот.

Денвер ја запиша 28 победа и има 21 пораз, но тоа им е доволно за да се најдат на петтото место на табелата во Западната конференција.

Најефикасен во победничкиот тим беше Гордон со 24 поени, додека кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумпо со 29 поени.