Србинот Јокиќ го разнесе Хјустон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер нагетс триумфираа синоќа на домашен паркет против Хјустон рокетс со 129-113, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ стигна до дабл-дабл.

Денвер на полувреме водеше со 70-68, а прашањето за победникот беше решено во финишот на третата четвртина, кога тимот од Колорадо со серија 8-0 стигна до +15 (106-91).

Јокиќ во победничкиот тим постигна 32 поени, 12 скокови и осум асистенции, а ова му е третпат во последните четири меча како постигнува над 30 поени.

Џамал Мареј додаде 31 поен за екипата на Денвер, додека на спротивната страна најдобар беше Алперен Шенгун со 18 поени и седум украдени топки.