Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ го отпиша капитенот Милош Теодосиќ и ги изненади сите во Србија.
Српските медиуми откриваат дека плејмејкерот ги напуштил подготовките и нема да биде во конкуренција за квалификациските натпревари догодина, а ќе го пропушти и Евробаскетот од 1 до 18 септември.
Теодосиќ направи забава по исфрлувањето од репрезентацијата на која беа и неговите соиграчи Василије Мициќ, Никола Јокиќ, Никола Калиниќ и други.
Причина за неговото исфрлање од репрезентацијата била караница со селекторот Пешиќ, а српски „Курир“ тврди дека Мициќ и Теодосиќ не функционираат заедно и тоа можело да се забележи на квалификациите за турнирот за Олимписки игри, но имало и недисциплина од кошаркарот, а тоа тренерот нема да го толерира.