Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на аргентинскиот фудбал Хорхе Валдано призна дека е пресреќен поради одлуката на Лионел Меси за сепак да не го напушти националниот тим.
„Ја сфатив неговата одлука во прв момент, тоа беше чин на играч кој има неподнослив товар на грбот. Во еден момент не можеше се тоа да го поднесе. Но, на среќа, се предомисли“.
Валдано се надева дека новиот селектор Бауза, за Меси и Аргентина ќе донесе и нови успеси.
„Важно е сега сите да заборават се што било. Тој е фантастично момче и секој што ќе му замери навистина ќе има сериозен проблем. Се надевам на најдоброто“, јасен е Валдано.