Срна ја заврши играчката кариера и најде нова работа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Дарио Срна и дефинитивно се одлучи  да ја заврши играчката кариера.

На Срна (37) ова лето му заврши договорот со тимот на Каљари и се одлучи да престане ос професионално играње фудбал и да оди во тренерските води.

Неговиот поранешен клуб Шахтјор објави дека Срна се враќа и дека од наредната сезона ќе биде помошник во стручниот штаб на тренерот Луис Кастро.

Инаку, Срна е една од најголемите легенди на Шахтјор со обзир дека за овој клуб настапи од 2003. до 2018. година и за тоа време забележа повеќе од 500 натпревари и освои дури 10 титули првак на Украина.

Инаку, за репрезентацијата на Хрватска овој десен бек одигра 134 натпревари и постигна 22 голови.