Стан Вавринка го исмева Ѓоковиќ на Твитер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е под тешки критики, откако финалето на Адрија Тур во Задар беше откажано поради коронавирус.

Вчера беше објавено дека Григор Димитров е позитивен за КОВИД-19, а набргу потоа организаторите на турнирот го откажаа финалниот натпревар. Поголемиот дел од тенисерите беа тестирани синоќа во Задар, но меѓу нив не беше Ѓоковиќ, кој реши да се тестира по неговото враќање во Белград.

Утрово беше потврдено дека уште три тенисери се заразени со коронавирусот, а меѓу нив е и Борна Чориќ. Исто така, потврдено е дека фитнес тренерот на Ѓоковиќ, Марко Паники, е заразен, и затоа сите ги очекуваат резултатите од тестирањето на Новак.

Утрово, првиот тенисер на светот беше мета на големи критики од светските медиуми, но и од познатите тенисери кои уште од почетокот рекоа дека сè уште не е вистинско време да се продолжи овој спорт.

Многумина му замеруваат на Ѓоковиќ за непостоење на поригорозни правила за коронавирусот во организацијата на турнирот, а сега едвај чекаат да го критикуваат. Меѓу оние кои го исмеваат Новак е и неговиот ривал Стан Вавринка.

Тој коментираше на саркастичната порака на Енди Родик, кој, откако ги слушна вестите од Задар, рече „Мислам дека има некоја пандемија во светот…“. Вавринка тогаш одлучи да коментира и изјави кратко „хахаха“, но јасно е каква порака му испраќа на Ѓоковиќ.