Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер Дејан Станковиќ е нов тренер на Црвена Звезда, а денеска пред новинарите беше официјално претставен.
Станковиќсе заблагодари за довербата која му беше дадена од страна на раководството на клубот.
„Се заблагодарувам на клубот, легендите и навивачите што сум повторно тука. Звезда пред многу години ме испрати во мисија да се вратам во Белград. Се занимавав 20 години со фудбал и никогаш не сум видел еден тренер со насмевка да пречекува друг“, вели Станковиќ.
Легендата вели и дека Жозе Мурињо му честитал поради предизвикот кој го добил.
„Мурињо падна во несвест и најпрво не веруваше дека сум станал тренер, а потоа ми посака многу среќа“, открива поранешниот играч на Интер.