„Старата дама“ близу до договор за останување на центарфорот кој ја обожава


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Торинскиот Јувентус, кој го води хрватскиот тренер Игор Тудор, е близу до договор со ПСЖ за останување во Јуве на францускиот центарфор Рандал Коло Муани (26), објавија италијанските медиуми.

Најновата понуда на Старата дама дури ги надминува барањата на европскиот првак. Јуве нуди десет милиони евра за едногодишна позајмица и обврска за купување следното лето за 50 милиони евра.

Коло Муани, чиј договор со ПСЖ е до јуни 2028 година, го помина пролетниот дел од минатата сезона на позајмица во Старата дама и одушеви со своите настапи. Постигна десет гола и трипати асистираше, а италијанските медиуми го пофалија како прототип на “модерната деветка”.

Фото: Принтскрин