Старите пријатели повторно заедно: Поканата на Анчелоти е тешко да се одбие


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Челси, по авантурата во Русија, би можел да се врати во Англија, но не во неговиот клуб.

Станува збор за Бранислав Ивановиќ кој призна дека добил многу добра понуда од Евертон и дека скоро сигурно ќе ја продолжи кариерата таму.

Ивановиќ е слободен агент откако ја заврши со Зенит, а освен Евертон, Црвена Sвезда покажа интерес за него.

Сепак, Ивановиќ потврди дека добил многу добра понуда од Евертон и дека скоро сигурно ќе ја прифати поканата на неговиот пријател Карло Анчелоти.

„Веројатно ќе ја прифатам неговата покана и ќе одам во Евертон. Добив добра понуда од нив. Да почекаме и да видиме како се развијат работите“.

Останува да се види дали Ивановиќ ќе се врати во Англија, но навистина ќе биде чудно да се види во дресот на Евертон, доколку се реши на тој потег.