Статистичари пресметаа кој има најголеми шанси за освојување на СП (Фото)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француската репрезентација е најголемиот фаворит за освојување на титулата светски првак, според пресметката на статистичарите од платформата Football Meets Data. Според овој извор, шансите Франција да ја освои титулата изнесуваат 26 проценти, што е повеќе во однос на останатите тимови на турнирот.

Бранителот на титулата Аргентина во истата проценка има 13 проценти шанси за нова титула, додека европскиот првак Шпанија е на четвртото место со 12 проценти. Англија, која пред турнирот не беше во најтесниот круг на фаворити за освојување на турнирот, има шанси од 19 проценти, што ја ставa на второто место.

🏆 Да се освои Светското првенство (од 6 јули):

26% 🇫🇷 Франција
19% 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Англија
13% 🇦🇷 Аргентина
12% 🇪🇸 Шпанија
8% 🇳🇴 Норвешка
7% 🇲🇦 Мароко
5% 🇵🇹 Португалија
3% 🇨🇴 Колумбија
2% 🇧🇪 Белгија
2% 🇨🇭 Швајцарија
2% 🇺🇸 САД
1% 🇪🇬 Египет

👉 Целосни веројатности и сценарија во нашиот 🕹️ Симулатор pic.twitter.com/rmN1tYeXhp— Football Meets Data (@fmeetsdata) 6 јули, 2026