Статистиката најмногу покажува колку влијае заминувањето на Роналдо од Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристиjано Роналдо минатото лето ги изненади сите со одлуката дека сака да го напушти Реал Мадрид и својата кариера да ја продолжи во дресот на Јувентус.

Португалскиот фудбалер после три воодушевувачки титули од Лигата на Шампионите одлучи дека е време да го напушти Реал Мадрид. Навивачите на кралскиот клуб изјавуваа дека тоа нема ни малку да влијае на тимот, но покрај се тие не се во право.

Колку значи заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид најдобро покажува статистиката од оваа сезона во која Кралевите беа значително помалку ефикасни од минатата. Реал синоќа ја заврши сезоната со пораз од Бетис и ги покажа своите слабости.

Во минатата сезона Роналдо во дресот на Реал Мадрид постигна 26 погодоци и запиша 5 асистенции што значи дека бил вклучен во вкупно 31 погодок за својот тим во Ла Лигата, а тимот на Реал вкупно имаше постигнато 94 погодоци.

Оваа сезона Кралевите имаат постигнато 63 погодоци, односно 31 гол помалку од она што просечно го постигнуваше Роналдо за време на една сезона. Тоа е само една во низата на статистики која докажува дека Португалецот без сомнение многу им фали во тимот.

Реал заврши на третото место со 68 бодови што е најмал број на бодови кои ги имале во изминатите 18 години. Барса имаше 19 бодови повеќе што е најмногу во историјата што се однесува за предноста во бодови од страна на каталонскиот клуб.

Кралевите оваа сезона сменија три тренери, изгубија 18 натпревари и ја одиграа најлошата сезона во последните 25 години, беа елиминирани во осминафиналето во Лигата на Шампионите и постигнаа помалку од 70 погодоци.