Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека шансите Погба да остане во Јунајтед се се поголеми, а посебно после понудата која ја пратил Реал Мадрид.
Англиските медиуми тврдат дека на адресата на тимот од Манчестер стигнала понуда од 35 милиони евра и Џејмс Родригез, но таа била одбиена.
Челниците на Манчестер немаат намера да ја смалат понудата за Погба и таа останува 180 милиони евра, кои Реал тешко дека ќе ги плати.
Преодниот рок е при крај и се помалку време има Реал да продаде некој од своите играчи за да ги плати парите кои ги бара Јунајтед.
Единствен начин е да го продаде Бејл, а беа многу близу до тоа, но Перез го стопираше трансферот.
Се поголеми се шансите Пол Погба да го гледаме во дресот на Манчестер Јунајтед и наредната сезона.