Стигна понуда за англискиот голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити доби понудата за Џо Харт.

Првиот голман на репрезентацијата на Англија по доаѓањето на Пеп Гвардиола се пресели на клупата, а шпанецот му даде дозвола да си замине.

Харт доби неколку понуди, а како работите стојат 29-годишниот голман кариерата ќе ја продолжи во Евертон.

Карамелите долго бараат голман. Не е познато колку ќе ги чини овој трансфер, а постои опција да стигне на позајмица.