Стигна потврда за трансферот на Халанд: Им соопшти на Реал и Баерн уште минатата недела…


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Манчестер сити успеа да го убеди Ерлинг Халанд да потпише договор со нив, откако веќе со месеци се шпекулира за тоа каде ќе заигра следната сезона.

Тренерот Пеп Гвардиола ќе добие одличен напаѓач, а сега стигна потврда и од портпаролот на семејството Халанд, Јан Аге Фјортофт.

„Конечно е донесена одлука. Халанд следната сезона ќе игра за Манчестер сити. Тимот на Халанд минатата недела ги извести Реал и Баерн за неговата одлука. Во последните недели се работеше на деталите од договорот“, кажа тој.

Претходно познатиот новинар Фабрицио Романо ги објави деталите од договорот меѓу Халанд и „граѓаните“.