Стигна со звучник, замина во солзи: Најтажната цена во кариерата на Нејмар (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нејмар на финалето во Лигата на шампиони пристигна со огромен звучнк во левата рака и преполн со самодоверба дека ќе го крене трофејот.

Меѓутоа, на теренот приказната беше поинаква. Бразиилецот загуби 47% од топките кои ги допре, а не успеа ниту еднаш да шутне.

На крајот Баерн славеше со 1-0, а Нејмар се расплака како мало дете. Откако судијата Даниеле Орсадо досуди крај, Бразилецот беше неутешен.

Прво го тешеше Давид Алаба, а потоа неколку минути седеше расплакан на клупата. Впечатлива беше и неговата средба со трофејот од елитното натпреварување.