Стигна спектакуларна понуда – За Погба 120 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус доби понуда за Пол Погба.

Според Скај Спортс и Дејли Мејл, Манчестер Јунајтед на старата дама и испрати понуда за Французинот вредна 120 милиони евра.

Црвените ѓаволи на Погба му понудија и 5-годишен договор вреден 13 милиони евра по сезона.

Ако Бјанконерите ја прифатат оваа понуда, Погба ќе стане најскап фудбалер, а и ќе се врати на Олд Трафорд.

Погба играше за Манчестер од 2009-та до 2012-та година. Како слободен играч се пресели во Јувентус.