Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејмс Медисон можеби е и откровението на сезоната.
Момчето кое одигра одлична сезона за Лестер е единствениот играч кој мина 100 креирани шанси во сезоната за своите соиграчи, а стана и единствениот англиски фудбалер кому тоа му пошло од рака. Имајте предвид дека има само 22 години.
Поради тоа ги полуде великаните на англискиот фудбал, а оддамна веќе постои интерес од Ливерпул.
Дали Клоп ќе го донесе играчот за врска?
Легендарниот бек на Ливерпул, Стивен Никол зборуваше за Медисон како играч кој му е потребен на Клоп.
„Би сакал да видам некои промени на средината на теренот со некој како што е Медисон, кој веќе докажа квалитет во Премиер лигата. Може да ја отвори одбраната, може да креира шанси. Мислам дека може да постигне и повеќе погодоци од сега“, истакна Никол.
Некогашниот бек на Ливерпул смета дека во овој тим се потребни играчи кои знаат како со топката, а не играчи кои ја освојуваат од противникот, и дека Медисон би бил вистинско решение како замена за Милнер.