Стигнува помалку неочекувана понуда за Дракслер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако екипата на Волфсбург најави дека Хулијан Драклсер не е на продажба, германскиот тим во наредните денови може да добие многу интересна понуда за овој фудбалер.

Како што наведува британски Индепендент, понуда за 22-годишниот фудбалер ќе испрати екипата на Евертон, а се работи за навистина огромна понуда.

Наводно, екипата од Гудисон е спремна за услугите на одличниот фудбалер ќе издвои дури 63 милиони фунти, што ќе биде апсолутен рекрод на овој тим кога се трансферите во прашање.

Комплетните пари Евертон ќе ги добие од потенцијалниот трансфер на Ромелу Лукаку, за чии услуги популарните Карамели бараат повеќе од 70 милиони фунти.

Интерес за Дракслер веќе долго покажува и лондонски Арсенал, но се  чини дека добиле неочекувана конкуренција.